Close Menu
Press24
    Најново

    Финска девет години последователно најсреќна држава во светот

    19.03.2026 во 23:41

    Мисајловски: Секоја членка на НАТО мора сè повеќе и повеќе да вложува во модернизација одбраната 

    19.03.2026 во 23:08

    Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми

    19.03.2026 во 22:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Финска девет години последователно најсреќна држава во светот
    • Мисајловски: Секоја членка на НАТО мора сè повеќе и повеќе да вложува во модернизација одбраната 
    • Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми
    • Мисајловски за војната во Иран: Безбедносната ситуација кај нас е стабилна
    • За акцијата стигна потврда и од МВР: Се апси за коруптивни дела
    • Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените
    • ОЈО ГОКК се огласи по апсењето на актуелен директор
    • Фокус: Уапсен директор на Државен инспекторат – го фатиле со мито од 50.000 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стоименов од АПИС: Најдобар закон е оној кој е спроведлив и кој го одразува менталитетот

    Стоименов од АПИС: Најдобар закон е оној кој е спроведлив и кој го одразува менталитетот

    29.01.2026 во 13:39Updated:29.01.2026 во 14:074 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Поддржуваме одржлива, разумна и долгорочна иницијатива за заштита на здравјето на граѓаните од штетните последици од пушењето , особено кога станува збор за заштита на младите и превентивна борба против зголемениот број на малолетни уживатели на електронски и обични цигари. Но, подеднакво важен е начинот на кој се носат и се спроведуваат законите, пишува во својата последна колумна, Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во која се осврнува на вовлекувањето на игрите на среќа во актуелната дебата за предлозите за измени на Законот за заштита од пушењето.

    „Ако ова го ставиме во контекст на индустријата на игрите на среќа, постојат јасни и поучни примери од соседството. Секое ригидно и популистичко решение, донесено без дијалог со засегнатите страни, секогаш доведувало до појава на „диви“ играчници по подруми и нелегални простории каде на црно се организираат игри на среќа, без никаква контрола од државата, без заштита на играчите и без приходи во буџетот. Таму каде што државата се служи со избрзано рестриктивни мерки, сивата економија наоѓа плодна почва. Не случајно, ако Кнежевството Монако важи за симбол на европски гламур, ред и високи стандарди, секој може да провери дека во неговите светски реномирани казина постојат јасно дефинирани, соодветно уредени пушачки зони во затворен простор. Не затоа што пушењето е пожелно, туку затоа што е контролирано,
    регулирано и ставено во рамка што го штити и здравјето и редот“, пишува Стоименов.

    Според Стоименов, кога веќе дел од критичката јавност упорно сака да прави паралела за регулирање на пушењето на јавни простори, со регулирањето на легалното приредување игри на среќа, треба да се земе предвид дека актуелниот закон за игри на среќа е еден од најстрогите на Балканот.

    „Во автомат клубовите и казината не само што е забранет влез на малолетници со енормно строги казни, туку и членките на Асоцијацијата за приредување игри на среќа АПИС, кои се светски брендови во индустријата, самите, веќе со години водат активна кампања со слоганот „Забрането за малолетни лица – 100% законски!“ преку која се подигнува јавната свест и јасно се порачува дека младината воопшто не смее ни да помисли да се обиде да влезе и не е посакуван посетител на објектите за игри на среќа“, се вели во колумната насловена „Закон за пушење vs Закон за игри на среќа“.

    Стоименов во колумната истакнува дека јавноста мора да знае дека за легалните објекти за игри на среќа, има многу прецизна регулатива каде и колку апарати за играње може да бидат поставени во одреден простор, сите апарати се нон-стоп приклучени софтверски на УЈП која точно ги евидентира сите финансиски трансакции, има строго дефинирани правила за начинот на кој се добива лиценца за работа која ја издава државата. Во казината и автомат клубовите има највисоки технички стандарди за вентилација, сите вработени поминуваат соодветни обуки за стекнување европски и светски критериуми за различни работни позиции.

    „Не е случајно што сите видови легални приредувачи на игри на среќа во Македонија се најголемиот приватен работодавец, со повеќе од 10 илјади вработени. Годишниот приход во државниот буџет од игрите на среќа е околу 280 милиони евра. Уверен сум дека изнесов доволно правни аргументи за сите оние кои сакаат да прават паралели меѓу игрите на среќа и другите економски дејности кои сега се таргетирани од новите предлози за законот за заштита од пушење, а кои по актуелните услови за обавување дејност не можат никако да се споредуваат приредувачите на игри на среќа. Со други зборови, во начинот на регулирање на легалното приредување игри на среќа, во Македонија одамна важат европски и светски стандарди“, пишува Стоименов.

    На крајот тој заклучува дека, историјата и искуството покажуваат дека најдобар закон е оној кој се спроведува, а не оној кој уште од самата замисла е спротивен на менталитетот и навиките на нашите граѓани. Затоа, вели Стоименов, ако навистина сакаме здраво општество, мора да градиме паметни, балансирани и спроведливи решенија, а не да носиме закони кои генерално, по принципот на права линија, ќе опфаќаат различни дејности, без да се земат предвид одредени нивни специфичности.

    Популарно

    Финска девет години последователно најсреќна држава во светот

    19.03.2026 во 23:41

    Мисајловски: Секоја членка на НАТО мора сè повеќе и повеќе да вложува во модернизација одбраната 

    19.03.2026 во 23:08

    Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми

    19.03.2026 во 22:46

    Мисајловски за војната во Иран: Безбедносната ситуација кај нас е стабилна

    19.03.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.