Close Menu
Press24
    Најново

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените

    Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените

    19.03.2026 во 22:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во момонтов нема недостиг на нафта и нафтени деривати, ниту пак има значајни ценовни шокови како директна последица на кризата. Според информациите од терен, обезбедени преку засилени контроли на Државен пазарен инспекторат, не се констатирани посериозни отстапувања во цените, кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија. Министерката кажа дека Владата внимателно ги следи економските состојби и е подготвена да реагира навремено со соодветни мерки, доколку има потреба.

    “Кај нас, во моментов, нема недостиг на нафта и нафтени деривати. Граѓаните можат непречено да снабдуваат гориво, што значи дека нема основ за воведување рестриктивни мерки од тој тип. Во однос на цените, тие и понатаму се пониски во споредба со дел од регионот, што е особено важно за стандардот на граѓаните. Затоа не можеме механички да ги преземаме мерките од други земји, без да ја земеме предвид нашата реална состојба” кажа министерката.

    Во услови на зголемена глобална неизвесност, предизвикана од случувањата на Блискиот Исток, министерката нагласи дека клучен предизвик е непредвидливоста на кризата, со оглед дека ниту европските земји не можат да дадат прецизни проценки за нејзиното времетраење.

    „На дневна основа функционираат повеќе од 30 инспекциски тимови кои ги следат состојбите низ целата држава. Најголем дел од компаниите, било да станува збор за производители, било да станува збор за дистрибуатери, супермаркети, кои се посетени од ДПИ може да констатираме дека на терен дека промена во однос на цени нема“ кажа Димитриеска-Кочоска.

    Министерската потенцираше дека состојбите се следат и најважно за Владата е да не се наруши стандардот на граѓаните

    „ Во услови кога вие сте наследиле огромен долг, не можеме да зборуваме за не знам каква отпорност. Но, секогаш постои правилото што ни е нас приоритет. Нас ни се приоритет граѓаните. Во такви услови, владата секако дека ќе реагира и ќе преземе соодветни мерки“, истакна министерката.

    Во однос на одредени зголемувања кај прехранбените производи, како маслото за јадење и јајцата, беше посочено дека тие се резултат на движењата на светските цени на суровините, а не на актуелната геополитичка состојба.

    Во делот на фискалната политика и глобалните случувања министерката посочи дека приоритет на Министерството за финансии останува одржувањето на буџетскиот дефицит во рамки на планираното и доколку има потреба ќе се бара простор за заштеди таму каде што има непродуктивни трошења, а средствата ќе се насочат кон приоритетите.

    Таа информираше дека Владата е во постојана комуникација со стопанството и ги следи евентуалните притисоци од увозните цени, но засега нема индикации за потреба од итни интервенции.

    Прочитај повеќе

    Пукање на универзитет, шест деца меѓу повредените во Талахаси

    26.10.2026 во 09:37

    Министер за меѓународни партнерства и странски инвестиции Зулфикар Зејнула во прва официјална посета на Турција: Средба со министерот за надворешни работи Хакан Фидан

    25.10.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.