Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми

    Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми

    19.03.2026 во 22:463 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Власта прави еден страшен дефокус од проблемите кои им се случуваат, и на граѓаните и на државата во овие тешки моменти на повторна економска криза и нови ценовни шокови по војната на Блискиот Исток, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашната емисија „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

    Каранфилова Пановска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ свесно се обидува да ја дефокусира јавноста и да предизвика внатрешни поделби во СДСМ. Во тој контекст, Каранфилова Пановска нагласи случајот со Шилегов, е еден од начините преку кои се поттикнуваат такви поделби, наместо да се зборува за реалните проблеми на граѓаните.

    „Значи, не станува збор за различно мислење, не станува збор за поинакво поимање на политиките, затоа што не слушнавме ништо, ниту што СДСМ треба да прави или не треба да прави, конкретно на ниво на политика. Уште помалку слушнавме нешто против власта, така што очигледно е дека тоа не оди во полза на СДСМ. Тоа е одработување за ВМРО-ДПМНЕ. Посредно или непосредно, тоа е одработување за ДПМНЕ. А ДПМНЕ работи на разнебитување на опозицијата“, рече Каранфилова Пановска.

    Таа додаде дека владата, наместо да ги решава проблемите и предизвиците со кои е соочена државата, се занимава со СДСМ.

    „Не може да се троши толку време на тоа што се случува во опозицијата, а да не зборува никој за тоа што не работи актуелната власт. ВМРО-ДПМНЕ е речиси две години на власт во Македонија. Дали една политика која што е од интерес за граѓаните и за државата успеаја да ја сработат? Дали еден проект, освен започнатите што ги затекнаа од владата на СДСМ, успеаја да започнат или да завршат? Владата на ДПМНЕ и Мицкоски не мрдна со мал прст да направат нешто за да го заштитат стандардот на граѓаните и изминативе две години, во континуитет, а особено сега при ваков нов ценовен шок, кој што се должи на порастот на цената на енергенсите, што, се разбира, повлекува спирала и пораст на цените во маркетите“, рече Каранфилова Пановска.

    Дополнително, како што посочи Каранфилова Пановска, за овие две години владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека не знае да менаџира со јавните финансии.

    „Факт е дека државниот буџет и кондицијата на оваа влада некако издишува. Ние имаме дупка во буџетот од скоро 2 милијарди евра. Буџетот не е ликвиден да ги сервисира дневните потреби, уште помалку е ликвиден да го сервисира стопанството. Се доцни со поврат на ДДВ кон компаниите. Крајот на 2025 година, оваа влада ја заврши со тоа што имаше 8% помалку реализирани приходи. Паралелно на тоа имаме ново задолжување од 1 милијарда, внатрешно, имаме дополнително задолжување од 300 милиони евра. Тоа се тие 2 милијарди кои што се реален буџет. Не знам каде отидоа парите од првото задолжување, од првата милијарда евра од унгарскиот кредит“, рече Каранфилова Пановска.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.