Потпретседателот на Владата и министер Иван Стоилковиќ по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до сите граѓани по повод Денот на македонската револуционерна борба, истакнувајќи дека овој ден треба да нè потсети дека иднината ја обликуваме сите заедно – со разбирање, соработка и заедничка надеж.

– Во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име, упатувам искрени честитки по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога беше поставен камен-темелникот на еден идеал – стремежот кон достоинство, еднаквост и сопствено место меѓу народите. 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, не е само историски настан, туку траен симбол на волјата за напредок и визија за иднината, истакнува Стоилковиќ.

Овој ден, како што посочува Стоилковиќ, нè потсетува на вредностите кои остануваат актуелни и денес – истрајност, посветеност, меѓусебна почит и заедништво.

-Тоа се темелите врз кои треба да ја градиме современата Македонија – како дом на сите нејзини граѓани, независно од етничката, верската или културната припадност. Нашето повеќе етничко и повеќе културно општество е наше најголемо богатство. Да продолжиме да го негуваме заедничкиот живот, дијалогот и заемната почит, затоа што само така можеме да создадеме стабилна и праведна заедница, достојна за генерациите што доаѓаат, истакнува Стоилковиќ во честитката.

Exit mobile version