Стејт департментот е запознаен, но не го коментира инциденот на скопскиот аеродром
Ги видовме извештаите и нема да коментираме за тековна истрага, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањето дали спикерот на Собранието Африм Гаши треба да сноси политичка одговорност за инцидентот на скопскиот аеродром со претседателката на Косово Вјоса Османи минатата недела.
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека шефот на обезедувањето на Гаши, со уште двајца членови на тимот, по наредба на спикерот, дошол пред ВИП салонот на аеродромот, дури и репетирал пиштол и влегол во конфликт со полицајците стационирани таму, барајќи одговор зошто се инсистирало косовската претседателка да помине низ безбедносна контрола на аеродромот. Одделот за внатрешна контрола на МВР го суспендираше шефот на обезедувањето, и отвори постапка против другите двајца телохранители.
Гаши рече дека го пратил обезбедувањето да ја смири ситуацијата.
Министерството за надворешни работи на Косово настанот на скопскиот аеродром го нарече „несоодветен и незаконски третман од страна на припадниците на аеродромското обезбедување“ кон Османи.
Групацијата ТАВ соопшти дека проверката на косовската претседателка била „во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство“.
За овој инцидент, и за уште неколку други причини, опозицијата бара смена на Гаши, а Левица поднесе интерпелација за неговата равота.
Според коалицијата „Вреди“ од која доаѓа Гаши, барањето за негова интерпелација го оценија како експеримент против НАТО.
Владејаќката ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека нема потреба од смена на собранискиот спикер бидејќи одговорноста била лоцирана и институциите презеле итни мерки.
Одделот за внатрешна контрола на МВР го суспендираше шефот на обезедувањето, и отвори постапка против другите двајца телохранители, а на прашањето дали ќе има одговорност за Гаши, премиерот Христијан Мицкоски одговори дека никој не е над законот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа