Стефковски: Вечерва се потпишав во отворената книга на жалост и ја оддадов мојата последна почит кон Вања

 

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски вечерва беше во посета на основното училиште „Јохан Хајнрих – Песталоци”, каде се потпиша во книгата на жалост по повод прераната смрт на малата Вања.

„Со огромна тага ја примив веста за прераната смрт на младата Вања. Толку млада, полна со живот, а ова е нашето последно збогум.

Вечерва се потпишав во отворената книга на жалост и ја оддадов мојата последна почит кон Вања.

Болката е голема, тишината и тагата во овие моменти се најгласни. Изразувам длабоко сочувство до семејството на Вања, другарчињата и пријателите.

Мила Вања почивај во мир и патувај со ангелите!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

04.12.2023 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа