Стефковски со уште еден реализиран проект: Отворен спортски центар во Хиподром
Хиподром доби нов спортски комплекс.
-Вечерва го пуштивме во употреба спортскиот комплекс во Хиподром кој го изградивме на местото на поранешното училиште Вера Јоциќ. Граѓаните на Хиподром на едно место имаат: Спортски терен за одбојка; Спортски терен за ракомет; Спортски терен за кошарка; Фитнес зона; Детско забавно катче. Дополнително извршивме партерно уредување со павер елементи и урбана опрема, информира градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Со реализацијата на овој проект извршивме комплетно уредување на површина од 14.816 метри квадратни со што можам слободно да кажам дека ова е најголемиот спортски комплекс на територија на Гази Баба. Создадовме простор за сите генерации. Најмладите имаат катче за забава, младите спортски терени и фитнес зона за рекреација, а повозрасните простор за одмор. Граѓаните заслужуваат дела!“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа