Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефковски: Секој понеделник наставата во основните училишта во Гази Баба ќе започнува со интонирање на македонската химна

    Стефковски: Секој понеделник наставата во основните училишта во Гази Баба ќе започнува со интонирање на македонската химна

    07.09.2026 во 17:101 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, објави дека секој понеделник наставата во основните училишта на територијата на општината ќе започнува со интонирање на химната на Република Македонија.

    „Химната не е само песна. Таа е симбол на нашата слобода, државност, историја и на жртвата на генерациите што се бореле за самостојна и независна Македонија“, напиша Стефковски.

    Тој посочи дека преку образованието, покрај знаењето и иднината на децата, треба да се гради и почитта кон татковината, националните симболи и вредностите што ги обединуваат граѓаните.

    „Љубовта кон Македонија се создава и негува уште од најмала возраст – во семејството, во училиштето и во секојдневниот живот“, порача градоначалникот.

    Според Стефковски, со оваа одлука се гради чувство на припадност, заедништво, достоинство и почит кон државата.

    „Нека секој нов почеток на учебната седмица биде исполнет со гордост, почит и љубов кон нашата единствена татковина!“, порача Стефковски.

    Објавата ја заврши со пораката: „МАКЕДОНИЈА Е СÈ ШТО ИМАМЕ!“

    Прочитај повеќе

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23

    Карпош засилено контролира: Седум казни за несовесно одлагање отпад

    06.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.