Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДИК со официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2.945 гласа, втор Јахиј од НАИ со 2.152 гласа, течат роковите за приговори
    • Започна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
    • Лафчиски: Технологијата ја движи револуцијата во војувањето, но адаптацијата ја носи победата
    • Макрон: Ако е неопходно, ќе ги забранам протестите
    • Мицевска: Горан Бетон Герасимовски, каде е зеленилото во Центар?
    • Деца по полноќ си седеле во кафуле: Полицајците ги собраа и им ги предадоа на родителите
    • Илон Маск нe штеди: Секое дете во Америка ќе добие акција од SpaceX
    • Пукотници во Сарај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефковски подели нови бесплатни униформи за сите ученици во Гази Баба

    Стефковски подели нови бесплатни униформи за сите ученици во Гази Баба

    03.09.2026 во 10:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сите ученици на територијата на општина Гази Баба и годинава добиваат бесплатни училишни униформи, соопшти градоначалникот Бобан Стефковски, кој денеска присуствуваше на нивното делење во основното училиште „Стив Наумов“.

    Проектот за бесплатни униформи започна да се реализира во 2023 година, а според градоначалникот, веќе преоѓа во традиција што се спроведува секоја учебна година.

    „Идејата е едноставна – кога децата ќе застанат едно до друго, да нема разлики! Да има еднаквост, да има припадност, да има чувство дека училиштето е место каде сите имаат еднаква вредност и еднаква шанса“, порача Стефковски.

    Тој додаде дека оваа мерка има за цел да обезбеди еднакви можности за сите основни и да претставува поддршка за семејствата.

    „Униформата е многу повеќе од парче облека. Таа е порака дека секое дете е важно, секое дете заслужува еднакви услови и секое дете заслужува можност да го оствари својот потенцијал“, истакна градоначалникот.

    Стефковски исто така нагласи дека образованието останува еден од главните приоритети на општината и најави продолжување на инвестициите во подобрување на условите во сите општински училишта.

    „Она што во 2023 година беше ветување, денес е традиција, а нашата обврска е оваа традиција да продолжи да расте“, заклучи тој.

    Прочитај повеќе

    Мицевска: Горан Бетон Герасимовски, каде е зеленилото во Центар?

    19.10.2026 во 14:40

    Градежна офанзива во Илинден – жителите ќе возат по нови асфалтирани улици

    19.10.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.