Работиме ноќе за дење да нема гужви. Ова на Фејсбук го напиша градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
-Вчеравечер се асфалтираше мостот „Естакада“ во Автокоманда.
Работиме постојано и посветено, затоа што секој проект значи подобри услови за живот на нашите граѓани.
Наместо во текот на денот да создадеме дополнителни гужви и сообраќаен хаос, работиме ноќе – кога сообраќајот е намален.
Се работи, се гради, се реализира!
За граѓаните. За Автокоманда. За Гази Баба.
Развојот продолжува, напиша тој.


