Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефковски го ажурираше членството во ВМРО-ДПМНЕ и упати апел до сопартијците

    Стефковски го ажурираше членството во ВМРО-ДПМНЕ и упати апел до сопартијците

    01.09.2026 во 22:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, вечерва го ажурираше своето членство во ВМРО-ДПМНЕ во просториите на Општинскиот комитет на партијата во Гази Баба.

    Преку објава на социјалните мрежи, тој истакна дека неговиот политички пат е тесно поврзан со оваа партија уште од периодот на неговото делување во Унијата на млади сили.

    „Пораснав со Унијата на млади сили, а продолжив цврсто и достоинствено да чекорам со Општинскиот комитет Гази Баба. Тука стекнав пријатели и соборци. Тука научив што значат лојалноста, истрајноста, заедништвото и борбата за повисоки цели“, напиша Стефковски.

    Тој додаде дека партијата за него претставува идеја и кауза обединета околу иднината на земјата.

    „ВМРО-ДПМНЕ за мене не е само политичка партија. Тоа е идеја, кауза и големо семејство обединето околу љубовта кон Македонија и нејзината иднина. Нашата сила отсекогаш била во народот, во членството и во секој човек кој искрено верува дека Македонија заслужува напредок, развој и сигурна иднина. Друг пат ние немаме. Македонија е сè што имаме! Затоа мораме да ја чуваме идејата што нè поврзува и да продолжиме да работиме за Македонија каква што ја посакуваме и заслужуваме“, додаде тој.

    На крајот од својата објава, Стефковски упати соодветен апел и до останатите сопартијци и поддржувачи.

    „Ги повикувам сите членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ да го ажурираат своето членство и со тоа уште еднаш да ја потврдат својата припадност кон нашата заедничка кауза. АЖУРИРАЈ ГО СВОЕТО ЧЛЕНСТВО! ЗА СИЛНО ВМРО-ДПМНЕ, ЗА СИЛНА МАКЕДОНИЈА“, порача Стефковски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.