Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, вчеравечер оствари средба со членови на партијата и граѓани од населбата Триангла, на која се разговаралше за нивните потреби, предлози и предизвици со кои се соочуваат во секојдневието.
Стефковски за средбата информираше преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека непосредната комуникација со граѓаните е важна за подобро согледување на нивните барања и изнаоѓање решенија.
„Секој човек е важен. Секој заслужува да биде слушнат, да добие внимание и да знае дека неговите потреби и предлози имаат значење“, наведува Стефковски.
Тој нагласува дека разговорите со жителите се можност да се слушнат нивните очекувања и да се разговара отворено за прашањата што ги засегаат.
Во објавата, градоначалникот ја истакнува и важноста на поддршката од граѓаните за работата на партијата ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека довербата и посветеноста на членовите, симпатизерите и граѓаните се значаен дел од нејзиното функционирање.
Стефковски им се заблагодари на жителите на Триангла за отворениот разговор, изнесените предлози и укажаната доверба, најавувајќи продолжување на средбите со граѓаните.
„Продолжуваме меѓу луѓето и за луѓето. Вашиот глас нè насочува, а вашата доверба нè обврзува“, порача Стефковски.

