Стечајниот управник на Еуростандард банка тврди дека нема физичко или правно лице со депозит во вредност од 7 милиони евра

Имајќи предвид дека во текот на изминатиот месец, во повеќе објави се пласира неточна информација дека депонент – физичко лице во Еуростандард Банка имал депозит – заштеда во износ од 7 милиони евра, како стечаен управник се чувствувам должен да Ве известам Вас и севкупната јавност дека во Еуростандард Банка со состојба 12 август 2020 година нема депонент физичко лице со депозит во износ од 7 милиони евра ниту депонент – физичко лице којшто има повеќе депозити во Банката во вкупен износ од 7 милиони евра и нема депонент правно лице со депозит во износ од 7 милиони евра., информираше Душко Тодевски, стечаен управник на Еуростандард Банка.

„Замолувам да не се пласира неточна информација дека депонент во Еуростандард Банка имал депозит – заштеда во износ којшто значително повеќекратно го надминува највисокиот депозит во Банката“, вели Тодевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега