Став на средношколката Јана: Дали младите ги почитуваат мерките за Ковид 19?

Мерките донесени од страна на владата со цел на заштита од пандемијата на коронавирусот се нецеловкупно почитувани. Дел од младите лица и средношколците го почитуваат правилото на носење заштитни маски каде што е задолжително истото, но голем дел го прекршваат закотонот и не ги следат правилата.

Во мали продавници како трафиките често се случува да бидат пуштени да купат производ без носење на заштитна маска од страна на вработените. Во ваквите случаи вината е двостарана и не се постигнува авторитетот врз младите да сфатат дека е задолжително носењето маска каде и да се наоѓаат, што и да прават. Секако има и исклучоци што се многу одговорни во врска со ова прашање.

Групирањето по најмногу 4 лица се почитува исклучиво во угостителските места. Во најголемиот процент за непочитување на протоколите спаѓаат  тинејџерите и младите лица коишто не веруваат во постоечкиот проблем и не ја сфаќаат неговата сериозност со која сме сите соочени.

Треба да се поткрене свеста кај поединците, бидејќи само така може да се надеваме дека оваа пандемијата ќе се искорени за побрз период.

Јана Додевска, средношколка во СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега