Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска свечено ќе биде промовирана Швајцарската комора на Северна Македонија – СвисЧам МК.
На настанот ќе се обратат претседателот на СвисЧам МК, амбасадорот на Швајцарија во земјава, Кристоф Зомер, и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски.
СвисЧам МК соопшти дека настанот претставува значаен чекор кон унапредување на економската соработка, деловното поврзување и промоцијата на швајцарските вредности во деловното работење во Република Северна Македонија.

