Стаменковска: Пандемијата ја извади на виделина дигитализацијата на Манчевски

 

„Пандемијата ја извади на виделина дигитализацијата на Манчевски. Колку звучи несериозно, па макар било и од Дамјан Манчевски, по цели три месеци, да најавува нови протоколи во институциите и нивна дигитализација. Вработените и граѓаните се незаштитени, а институциите се новите кластери на Ковид-19. Почитување на Законот за безбедност и здравје при работата и воведување протоколи беа потребни и во март, како што се потребни и денес“, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер Невенка Стаменковска-Стојковска.

Според неа, одговорноста е кај функционерите на СДСМ, кои, како што имаат права, имаат и обврски.

„Дамјан Манчевски се изгуби во времето и освен да инсистира на казнување на граѓаните, нека почне со казнување на своите сопартијци, кои се највиновни за неспроведување на законот, протоколите и мерките за заштита на здравјето и животот на вработените во јавниот сектор. Дигитализацијата на Манчевски може да ја видите чекајќи со часови пред центрите за социјална работа, АВРМ, ФПИОМ, УЈП, ФЗО, матичната евиденција, Катастарот и други институции.

Мерките што требаше да помогнат во справување со пандемијата ги искористивте за поткуп и свесно изложување на граѓаните во непотребен ризик пред институциите. Со часови да чекаат и молат за милост на вашата дигитализација, истата таа што мачната реалност и секојдневието ја демантираа. Одговорност ќе има за непочитување на законите и за свесно загрозување на здравјето и животот на вработените во јавниот сектор, така и за граѓаните што 3 месеци чекаат милост од државата и три години ја чекаат дигитализација на Манчевски“, вели таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2020 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега