Close Menu
Press24
    Најново

    Среде зима до 25 степени: Топлотен бран во Европа

    23.02.2026 во 11:32

    УХМР со лоши вести за утре – Потоа целосна промена на времето

    23.02.2026 во 11:28

    Вреди: Ќе видиме кој сè ќе оди курбан со Груби

    23.02.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Среде зима до 25 степени: Топлотен бран во Европа
    • УХМР со лоши вести за утре – Потоа целосна промена на времето
    • Вреди: Ќе видиме кој сè ќе оди курбан со Груби
    • Апсење во Македонија: Мортус пијан дивеел со украдено возило
    • (ВИДЕО) Бизарна несреќа снимена на камера: Возач се прегазил самиот себе
    • Груби се чувствувал небезбедно во Шутка: Се е против мене
    • Загина црногорски планинар по пад во клисура
    • Голема потрага во Хрватска: Полицијата слушнала крици за помош, извлечено безживотно тело од реката
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Среде зима до 25 степени: Топлотен бран во Европа

    Среде зима до 25 степени: Топлотен бран во Европа

    23.02.2026 во 11:32
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европскиот континент влегува во период на драстична временска промена. По студениот бран, обилниот снег и силните атлантски циклони, метеоролозите за последната недела од февруари најавуваат формирање на таканаречена „топлинска купола“, која ќе донесе невообичаено високо затоплување и температури значително над просекот.

    Според метеоролошките анализи, над централна Европа ќе се прошири силен гребен на висок притисок (антициклон), кој се преместува од Иберискиот Полуостров и Медитеранот кон север. Овој систем буквално ја турка поларната млазна струја далеку од континентот, овозможувајќи стабилно и невообичаено топло време за овој период од годината.

    Моделите покажуваат дека до средината на неделата ќе се формира класичен „омега-блок“ (метеоролошки образец во форма на буквата омега), кој ќе го зароби топлиот воздух над голем дел од Европа. Како резултат на компресијата на воздухот близу тлото, ќе се создаде топлинската купола со температурни отстапувања од дури 12 до 15 степени над просекот.

    Кои земји ќе бидат најпогодени?

    • До 25°C: Се очекуваат на југот од Шпанија и Португалија.
    • Околу 20°C: Ќе се измерат ширум Франција.
    • Од 18 до 20°C: Ќе бидат зафатени делови од Бенелукс и западна Германија.
    • Од 14 до 18°C: Пролетни температури ќе имаат низините во Германија, Чешка, Австрија, Словенија и Хрватска.

    Најголеми температурни аномалии се очекуваат над централна Европа, Данска, јужна Шведска и Норвешка, а кон крајот на неделата топлиот бран ќе се прошири и кон источниот дел на континентот.

    Метеоролозите предупредуваат дека ваквото нагло затоплување може да предизвика брзо и значајно топење на снежната покривка на Алпите, што отвора сериозен ризик од локални поплави во тие региони.

    Популарно

    (ФОТО) Уапсен Артан Груби

    23.02.2026 во 08:03

    Нема веќе бесплатно разгледување: Продавниците почнаа да наплаќаат „влезница“ – ако не купите ништо, плаќате 25 евра

    20.02.2026 во 21:00

    Ќе нема струја – Најавени прекини во три скопски општини

    23.02.2026 во 08:10

    Драма во Скопје: Партнерот ја истепал во Градски Парк

    23.02.2026 во 09:22

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.