Среде бел ден нападнат и ограбен пробиштипјанец пред хотел во Скопје

 

Вчера во 13.10 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(34) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 12.45 часот на паркинг простор пред хотел на подрачјето на Центар му го одзел мобилниот телефон на С.Ј.(62) од Пробиштип. Според пријавеното, при обид да си го врати одземеното, С.Ј. бил нападнат со тврди предмети од А.Б., кој му го оштетил возилото.

Со А.Б. бил извршен службен разговор во полициска станица и кај него бил пронајден одземениот предмет. По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик. 

24.07.2024 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа