Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Избегал од затвор во Струмица па ја киднапирал бившата во Шуто Оризари
    • 17-годишна девојка физички и психички малтретирала од невенчниот супруг и неговите мајка и сестра
    • Семејна драма во Тетово: Со нож ѝ се заканувал на мајка си и уште една роднина
    • Тетовец тепал 11-годишно дете
    • Алкохолот поскапел најмногу: 2,7% инфлација во септември
    • Дизелот под поголем притисок од суровата нафта, ризик од ново поскапување и во Македонија
    • Каранфилова – Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
    • Од каде му се 335.000 евра на Груби за да плати за пасошот?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба Муцунски-Будрис: Македонија добива силна поддршка за евроинтеграциите

    Средба Муцунски-Будрис: Македонија добива силна поддршка за евроинтеграциите

    29.06.2026 во 11:182 Mins Read
    МНРиНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Продлабочување на политичките и економските односи, зајакнување на евроатлантската соработка и силна поддршка за европската интеграција на Северна Македонија беа во фокусот на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Литванија Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјава.

    По средбата, двајцата министри оценија дека билатералните односи се одлични и со потенцијал за понатамошно продлабочување, особено во економската и трговската соработка. Беше нагласено дека отворањето на македонска амбасада во Вилнус претставува значаен чекор во унапредувањето на партнерството, а Литванија останува силен поддржувач на евроинтегративниот процес на земјава. Заеднички беше оценето и дека актуелните геополитички состојби бараат единство, засилена соработка и јасна ориентација кон европските вредности.

    Министерот Муцунски истакна дека односите со Литванија се темелат на заеднички вредности и стратешка ориентација, при што посочи дека посетата претставува нов импулс во билатералните односи и отвора нови можности за соработка, особено во политичката, економската и секторската сфера.

    Тој ја нагласи и континуираната поддршка од Литванија за европскиот пат на Северна Македонија, оценувајќи дека членството во ЕУ претставува прашање со пошироко безбедносно и геостратегиско значење.

    Министерот Будрис истакна дека постои силна политичка и историска блискост меѓу двете земји и ја потврди поддршката за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија. Тој најави дека проширувањето ќе биде еден од приоритетите за време на претстојното литванско претседавање со Советот на ЕУ, нагласувајќи дека земјата е на вистинскиот пат и ќе продолжи со поддршката за реформските процеси.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Избегал од затвор во Струмица па ја киднапирал бившата во Шуто Оризари

    07.10.2026 во 13:41

    17-годишна девојка физички и психички малтретирала од невенчниот супруг и неговите мајка и сестра

    07.10.2026 во 13:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.