Србија се подготвува: Дунав драматично расте викендов се очекуваат поплави

 

Водостојот на реката Дунав во Србија расте и тоа ќе продолжи да се случува во следните неколку денови, предупреди тамошниот Хидрометеоролошки завод.

Според објавеното, први на удар од поплави се жителите на градот Апатин, каде интензивно се преземаат мерки за заштита. Очекувањата се дека во сабота водостојот на Дунав драматично ќе се зголеми во Нови Сад, додека следниот ден, поточно в недела на 22 септември на удар ќе биде Бачка Паланка.

Во информацијата на српскиот Хидрометеоролошки завод се вели дека Дунав најголем ниво на вода ќе има меѓу 25 и 28 септември.

20.09.2024 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега