Србија прва во Европа: Повеќе од половина милион граѓани ја примиле и втората доза на вакцината против ковид-19

Според последните податоци, повеќе од половина милион луѓе во Србија ја примиле втората доза на вакцина за коронавирус!

Кога станува збор за бројот на луѓе кои примиле втора доза на вакцина на милион жители, Србија е прва во Европа и четврта во светот.

Во апсолутен број, Србија има повеќе граѓани кои ја примиле втората доза отколку Унгарија, Словенија, Хрватска и Бугарија заедно.

Кога станува збор за бројот на вакцинации на милион жители, Србија е сè уште петта земја во светот. Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати се пред Србија, а САД, Малдивите, Чиле зад нив.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега