Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави нов пакет социјални мерки со кои државата ќе обезбеди еднократна финансиска помош за повеќе категории граѓани, со цел да им помогне полесно да ги надминат претстојните есенски и зимски месеци.

Според најавените мерки, сите приматели на социјална помош ќе добијат по 25.000 динари, а ист износ ќе биде исплатен и за секое дете кое е корисник на детски додаток.

Со оваа поддршка на српската влада ќе бидат опфатени околу 148.000 лица кои примаат социјална помош и повеќе од 165.000 деца.

Финансиска помош е предвидена и за примателите на борачки додаток, кои исто така ќе добијат по 25.000 динари, додека останатите борци ќе добијат еднократна исплата во износ од 10.000 динари.

Српскиот претседател во својата изјава потенцираше дека државата на овој начин директно им помага на граѓаните да се справат со глобалните поскапувања.

„Пакетот мерки е насочен кон поддршка на најранливите категории население и ублажување на товарот од зголемените животни трошоци“, изјави Вучиќ.

Крајниот рок за реализација на овие исплати е веќе дефиниран, па според најавите, сите средства ќе бидат исплатени најдоцна до крајот на септември.

Exit mobile version