Пратеничката група на СДСМ планира со поднесување на 10.000 амандмани да се спротивстави на предложените измени на Изборниот законик кои се наоѓаат во собраниска процедура.

Оваа информација ја сподели лидерот на опозициската партија, Венко Филипче, преку објава на социјалните мрежи.

Претседателот на социјалдемократите објави и фотографии на кои се гледа процесот на подготовка на обемниот амндмански материјал во партиските простории.

Филипче упати и остри критики до парламентарното мнозинство во однос на содржината на предложените законски измени.

„Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба. 10.000 амандмани спремни“, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Exit mobile version