Срби завршиле зад решетки во Австралија: Влегле во трговски центар со празни кеси, ама си заминале со полни без да платат

Двајца млади Срби на возраст од околу 20 години се уапсени во Австрија поради кражба во трговскиот центар Парндорф.

Според локалните медиуми, еден од граѓаните забележал дека нешто необично се случува.

„Мажот забележал автомобил кој бил паркиран пред трговскиот центар и четворица млади момчиња кои постојано заминувале и доаѓале до автомобилот. Го оставиле клучот од автомобилот на воланот, што предизвикало посебно внимание“, пренесуваат локалните медиуми.

Потоа граѓанинот ја следел натамошната ситуација и видел дека младите влегле во дуќаните со празни кеси и си заминале со полни. Ја известил полицијата која набрзо пристигнала.

Полицијата фатила двајца Срби со полни торби со облека, а потрагата по другите двајца разбојници се уште трае.

22.03.2023 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега