Одложено судењето за „Шпански скали“
Судењето за „Шпански скали“ се одложува по барање на бранител на четворица од обвинетите кој е спречен да присуствува на расправата.
Како што информираат од Основен кривичен суд Скопје, во договор со странките ќе бидат дадени нови термини за продолжување на главната расправа кои ќе бидат достапни преку календарот за судење на веб страната на судот
Во случајот „Шпански скали“ обвинети поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.
Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа