Од денеска во Косово ќе се користат само евра

 


Од денеска сите готовински трансакции каде било во Косово ќе мора да се вршат во евра, јавија српските медиуми.

Во Приштина сметаат дека граѓаните имале доволно време да се информираат за Уредбата на ЦБК за забрана за користење на динари во готовински трансакции, а од денеска ќе се преземаат мерки против сите оние кои користат валути различни од евра за готовински трансакции во Косово, пренесе РТК.

Во периодот од 1 февруари, кога стапи на сила Уредбата на ЦКБ, досега не се изречени казнени мерки, а граѓаните се информирани за примената на новите правила за готовинско плаќање. ЦБК соопшти дека после 12 мај – сите трансакции ќе се извршуваат во евра. 

 

13.05.2024 - 11:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега