Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Афера со лажни испити: Професорка осудена на затвор, студентите полагале само на хартија
    • 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка
    • Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина
    • Историска евакуација: Украинската армија со летачки дрон извлече ранет војник од фронтот
    • Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени
    • Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците
    • На 4 хороскопски знаци расположението им се менува во секунда – еве зошто
    • Драма во близина на Будва: Се запали туристички брод
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Спречен меѓународен канал на нелегална трговија со опојна дрога – запленети 130 кг марихуана

    Спречен меѓународен канал на нелегална трговија со опојна дрога – запленети 130 кг марихуана

    31.10.2025 во 11:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Царинските службеници на граничниот премин Табановце на излез од државата, спречија  меѓународен канал на нелегална трговија со опојна дрога. Запленети се 130 килограми марихуана, а едно лице е лишено од слобода и против него Одделението за истраги поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет опојни дроги, казниво по Кривичниот законик. Ова го истакна директорот на царинска управа, Бобан Николовски, на прес-конференција на која информираше за случајот.

    Станува збор за државјанин на Република Србија, сопственик и возач на превозна компанија регистрирана во Љубљана, Словенија, кој управувал со товарното моторно возило каде е откриена дрогата. Благодарение на квалитетната реакција на царинските службеници, извршен е детален преглед на возилото, при што службениците забележале дека палетите се специјално прекроени и не се во стандардна форма, а  зад нив имало повеќе торби во кои биле откриени 131 пакување со вкупно 130 килограми марихуана.

    Директорот Николовски информира дека во соработка со обвинителството Одделението за истраги продолжува со понатамошна истрага, се со цел целосно разобличување на случајот.

    „Ова е уште еден доказ за зголемена ефективност и ефикасност на оперативното царинско работење. Продолжуваме со засилени контроли кои даваат резултати како во оперативното работење така и во прибирањето на приходи во буџетот на Република Македонија. Дрогата претставува една од најсериозните закани за општеството, со далекусежни последици по здравјето, безбедноста и економската стабилност на државата при што Царинската управа останува посветена на спроведување на континуирани мерки и активности за спречување на недозволената трговија со наркотични средства и зајакнување на системот на контрола и превенција“, истакна Николовски.

    Прочитај повеќе

    58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка

    19.10.2026 во 23:12

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.