Спасовски за случајот „Онишченко“: Пропусти се случуваат, важно е да има одговорност
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 зборуваше за реакцијата на стратешките партнери по доделувањето на државјанството на Олександр Онишченко, кој бил на црната листа на САД.
„За нас многу е важно стратешкото партнерство, кое го имаме изминатите 30 години, пред се со САД да биде сочувано. Тие вложија многу за безбедноста на Македонија“, кажа Спасовски.
Спасовски, исто така, додаде дека се случуваат пропусти, но важно е да се понесе одговорност.
18.11.2022 - 22:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа