Спасовски: Не ме чуди што Мицкоски не разбира кога некој политичар има став

 

Јасно и гласно го кажувам својот став. Ако секој политичар има одговорност и ги кажува јасно ставовиве државата ќе оди напред. Вака министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски му одговори на опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски кој претходно денес рече дека министерот треба да ја напушти Владата ако не се согласува со законот за амнестија.

„Јас сакам да чујам ставови од Мицкоски за многу прашања. Но се уште не можеме да чуеме ставови и не ми е чудно кога тој не може да разбере како некој политичар има став“, рече Спасовски.

Мицкоски претходно денес рече дека Спасовски има две опции. Едната опција е ако не се согласува со законот да ја напушти владата, а втората опција е да молчи и да прифати дека тие кои што се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци, луѓе кои што тргувале со недозволени супстанци, переле пари, вршеле изнуда или правеле насилство.

Спасовски во изјава за медиумите во саботата кажа дека во моментот ваков закон е непотребен.

Владата го достави законот за амнестија во Собранието, по скратена постапка.

03.10.2023 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега