Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Советот за безбедност на ОН свикува итна седница поради признавањето на Сомалиленд

    Советот за безбедност на ОН свикува итна седница поради признавањето на Сомалиленд

    28.12.2025 во 10:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе одржи итен состанок поради одлуката на Израел да го признае Сомалиленд како независна држава, потег што предизвика силни реакции на меѓународната сцена, јавува германската агенција ДПА.

    Во пресрет на седницата, 21 земја, претежно со муслиманско мнозинство, доцна синоќа објавија заедничка изјава во која предупредуваат на „сериозни последици“ од израелската одлука врз мирот и безбедноста на Рогот на Африка, како и поширокиот регион на Црвеното Море.

    Сомалиленд, регион во северниот дел на Сомалија со неколку милиони жители, иако формално не е меѓународно признат, функционира како де факто независна територија повеќе од три децении. Израел во петокот стана првата држава што официјално ја призна неговата независност, што беше остро осудено од сомалиската Влада и од повеќе регионални партнери.

    Одлуката на Израел доаѓа само неколку дена пред Сомалија да го преземе ротирачкото претседателство со Советот за безбедност на ОН, што дополнително ја зголеми дипломатската тензија, пренесува ДПА.

    Во заедничката изјава, објавена од Катар, 21 земја го истакнаа своето „недвосмислено отфрлање“ на израелскиот потег, оценувајќи дека тој претставува „сериозно кршење на принципите на меѓународното право“. Во документот се осудуваат и „обидите за насилно протерување на палестинскиот народ од нивната земја“, по наводите дека признавањето е поврзано со планови за преселување на Палестинците од Појасот Газа.

    Шефот на дипломатијата на Сомалиленд, Абдирахман Дахир Адам, изјави за израелската телевизија Канал 12 дека признавањето нема никаква поврзаност со конфликтот во Газа, потсетува ДПА.

    Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопштија дека одлуката е донесена „во духот на Авраамовите договори“, со кои неколку арапски држави воспоставија формални односи со Израел. Весникот „Тајмс оф Израел“ забележува дека Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Мароко, иако дел од Авраамовите договори, не се меѓу потписниците на заедничката изјава со која се осудува признавањето на Сомалиленд.

    Прочитај повеќе

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30

    Трагедија во Солун: 23-годишна девојка од Македонија пронајдена мртва во стан

    07.07.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.