Close Menu
Press24
    Најново

    Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, подари играчки за дечињата во новата градинка во Потстаница

    08.04.2026 во 13:59

    Запленет златен накит на Богородица: Се обидел да прошверцува злато вредно над половина милион денари

    08.04.2026 во 13:47

    АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава

    08.04.2026 во 13:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, подари играчки за дечињата во новата градинка во Потстаница
    • Запленет златен накит на Богородица: Се обидел да прошверцува злато вредно над половина милион денари
    • АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
    • Филипче до Мицкоски: Граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, зошто ги одбивате мерките на СДСМ
    • Петрушевски: СДС, Филипче и Заев молчат за наводниот поткуп од 4 милиони евра од бизнисменот Дака
    • Андоновски од Вашингтон: Со САД градиме владин центар за одговор на сајбер-инциденти
    • Трајчулески: СДСМ со закон предлага намалување на патарините за 50%
    • Расте фреквенцијата на Ќафасан: Албанците масовно доаѓаат во Струга по евтино гориво и храна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, подари играчки за дечињата во новата градинка во Потстаница

    Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, подари играчки за дечињата во новата градинка во Потстаница

    08.04.2026 во 13:591 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и сопругата на Премиерот, Рози Мицкоска, денес го посетија новиот објект на ЈДГ „8 Март“ во населбата Потстаница, кој е во завршна фаза на подготовки пред неговото официјално отворање.

    При заедничката обиколка, г-ѓа Мицкоска донесе подароци, играчки наменети за дечињата кои ќе бидат згрижени во оваа установа. Внатрешноста на градинката е веќе целосно опремена со современи реквизити, а во моментов тековните активности се насочени кон финално уредување на дворот.

    -Упатувам искрена благодарност до госпоѓа Рози Мицкоска за овој убав гест. Играчките ќе донесат многу радост за дечињата во овој нов објект, кој наскоро ќе ги отвори своите врати. Континуираното вложување во детската заштита и проширувањето на капацитетите останува наш врвен приоритет- истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

    Таа додаде дека овој месец веќе е ставена во функција уште една градинка во населбата 11 Октомври – Згради, каде веќе се примаат дечиња.

    Преку новиот објект во Потстаница, како и со новата градинка што се гради во Расадник, целта е да се овозможи соодветна грижа и современи услови за престој на секое дете од општината.

    Популарно

    Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, подари играчки за дечињата во новата градинка во Потстаница

    08.04.2026 во 13:59

    Запленет златен накит на Богородица: Се обидел да прошверцува злато вредно над половина милион денари

    08.04.2026 во 13:47

    АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава

    08.04.2026 во 13:40

    Филипче до Мицкоски: Граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, зошто ги одбивате мерките на СДСМ

    08.04.2026 во 13:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.