Close Menu
Press24
    Најново

    Сопругата на Ѓорѓиевски со демант: Чантата чини 944 денари, не 30.000 евра

    20.02.2026 во 14:36

    СДСМ: Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари?

    20.02.2026 во 14:33

    Просечната нето-плата во декември 46.889 денари

    20.02.2026 во 14:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Сопругата на Ѓорѓиевски со демант: Чантата чини 944 денари, не 30.000 евра
    • СДСМ: Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари?
    • Просечната нето-плата во декември 46.889 денари
    • Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка
    • Трагедија: Метален профил усмрти 23-годишен работник од Велес на објект во изградба
    • Хоџа: Трајно ги решаваме инфраструктурните потреби на жителите на Сарај
    • Андоновски на средба со амбасадорката на САД, Варнс: Потврдена соработката со САД во делот на сајбер-заштитата
    • Обвинителство ја откри шемата за случајот со марихуаната: Отворена истрага против шест лица
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сопругата на Ѓорѓиевски со демант: Чантата чини 944 денари, не 30.000 евра

    Сопругата на Ѓорѓиевски со демант: Чантата чини 944 денари, не 30.000 евра

    20.02.2026 во 14:36
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


    Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и Скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и се така за да привлечат внимание. За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30 000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена од продавницата на Obuca Metro Македонија, и тоа на попуст за 944 денари, пишува на социјалните мрежи сопругата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, откако претходно СДСМ ја обвинија дека носи чанта од 30.000 евра.

    Истата нема никаква врска со брендот Hermès, ниту по потекло, ниту по цена, ниту по вредност, ниту пак носи натпис на брендот. Доколку не веруваат, може да им ја подарам мојата на увид, а може и самите да ја посетат продавницата, има одлични работи за супер ефтини цени за луѓе кои живеат скромен и чесен живот. Има сѐ уште на располагање од истиот модел на поголема варијанта од малата чанта.

    Обидот преку евтина конструкција да се создаде наратив за „луксуз“ и „аздисаност“ служејќи се со лаги и клевети во најмала рака е безобразно.

    Не е мое да коментирам политички, но вмешувањето на потесно семејство во отсуство на вистински аргументи и ширење на лажни вести не е политика, туку дно.

    Барам јавно извинување за изнесените невистини и повлекување на лажните тврдења.

    Во спротивно, ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на честа и угледот.

    Политиката не смее да се води преку лаги и лични дискредитации!, стои во објавата на сопругата на Ѓорѓиевски.

    Популарно

    „Сејф Сити“ не простува: Казна од 45 евра ако влезете на зелено, а останете заглавени среде крстосница

    19.02.2026 во 23:16

    Тешка сообраќајка во Скопје: Мотоциклист повреден по удар од отворена врата на Пежо

    19.02.2026 во 23:13

    УХМР со најава: Ќе истури дожд

    20.02.2026 во 08:00

    Драма во автобус на ЈСП – Претепани две млади момчиња

    20.02.2026 во 08:22

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.