АМСМ соопшти дека од 10:30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово – Велес е целосно расчистен. Сообраќајот е нормализиран и се одвива непречено по двете коловозни ленти.

Претходно, од 8:40 часот изутрина, поради одрон на истата делница, на околу 2,5 километри по бензинската станица Детоил, сообраќајот се одвиваше отежнато по една коловозна лента во должина од приближно 20 до 25 метри.

Exit mobile version