Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржа серија одвоени работни средби со амбасадорите на Германија, Италија и Словенија. Како што информираат од прес-службата на Градот, во фокусот на разговорите со Петра Дрекслер, Паоло Палминтери и Грегор Прескер биле развојните планови за метрополата.
На средбите биле презентирани клучните проекти кои треба да го трансформираат Скопје во модерен и функционален европски центар. Посебен акцент бил ставен на секторите каде е неопходна посилна меѓународна поддршка и размена на знаења.
„Била истакната важноста од продлабочување на соработката во областа на економијата, културата, управувањето со сообраќајот и одржливото управување со отпадот“, соопштуваат од Град Скопје.


