Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес-конференција соопшти дека на шест компании им се одземени дозволите за одгледување канабис за медицински цели. Одлуката доаѓа по серија контроли каде се констатирани низа недоследности во работењето, вклучително и несоодветно складирање и сомнителни трансфери на документација.

Меѓу компаниите на кои им се става „клуч на врата“ е и Алфафам, фирма која претходно беше поврзана со шверц на марихуана во Србија. Лиценци им се одземени и на:

  • Грин лајф
  • ЦБД медплант
  • Лајф плант
  • Атафарм
  • Канабидоис

„Одлуките се засноваат на наодите од извршените контроли — несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследни известувања до Комисијата и недоставена целосна документација за продажба“, истакна министерот Алиу.

Exit mobile version