Тешка сообраќајна незгода утрово се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, во која учествувале две патнички возила и камион.
Од силниот судир возилата се значително оштетени, а делови од автомобилите се расфрлани по коловозот. Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица.
Повеќе детали за причините и околностите на незгодата се очекуваат по завршувањето на увидот.

