Close Menu
Press24
    Најново

    „Сонцето, колку е блиску сонцето“ била првата реченица – МНТ одбележува 81. година континуирана работа

    03.04.2026 во 10:10

    Зеленски со најостри обвинувања до Техеран: Иран е соучесник во руската агресија

    03.04.2026 во 10:10

    Ултиматум од Трамп до фармацевтските гиганти: Селете го производството во САД или ќе плаќате 100% царина

    03.04.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Сонцето, колку е блиску сонцето“ била првата реченица – МНТ одбележува 81. година континуирана работа
    • Зеленски со најостри обвинувања до Техеран: Иран е соучесник во руската агресија
    • Ултиматум од Трамп до фармацевтските гиганти: Селете го производството во САД или ќе плаќате 100% царина
    • Спремете се за гужви – Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
    • Еднакви можности за сите – Центар со јавен повик за финансиска поддршка на социјални услуги за ранливи категории
    • Утре е Лазарова сабота, во недела Цветници: Еве што треба да направите за здравје и кои се обичаите на овие големи празници
    • Костадиновски во Атина – Работни средби за интензивирање на соработката
    • Водителот кај кого македонската полицијата вршеше претреси: „Немам ништо со детска порнографија”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Сонцето, колку е блиску сонцето“ била првата реченица – МНТ одбележува 81. година континуирана работа

    „Сонцето, колку е блиску сонцето“ била првата реченица – МНТ одбележува 81. година континуирана работа

    03.04.2026 во 10:101 Min Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонскиот народен театар (МНТ) денеска го одбележува 81. роденден од првата претстава на македонски јазик, со што почнува континуираната работа на театарскиот ансамбл.

    Првата реплика на македонски јазик „Сонцето, колку е блиску сонцето“ ја изговори актерката Вера Вучкова на 3 април 1945 година, на изведбата на претставата „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров и во превод на Блаже Конески.

    Лани МНТ го одбележа 80-годишниот јубилеј со сценско-музички проект во режија на Дејан Пројковски, „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, кој претставува аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност, како омаж за актерите, режисерите, драматурзите и професионалците зад кулисите.

    Осумдесет и првиот роденден МНТ го одбележува со гостувања на театри од регионот, меѓу кои: „Амадеус“ во режија на Александар Поповски во изведба на Словенечко народно гледалишче од Марибор, монодрамата „Безгрешна (Immaculata)“ инспирирана од романот „Маријиниот завет“ и претставата на Црногорско народно позориште „Другата страна“ во режија на Борис Лијешевиќ.

    Just In
    Популарно

    „Сонцето, колку е блиску сонцето“ била првата реченица – МНТ одбележува 81. година континуирана работа

    03.04.2026 во 10:10

    Зеленски со најостри обвинувања до Техеран: Иран е соучесник во руската агресија

    03.04.2026 во 10:10

    Ултиматум од Трамп до фармацевтските гиганти: Селете го производството во САД или ќе плаќате 100% царина

    03.04.2026 во 10:03

    Спремете се за гужви – Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје

    03.04.2026 во 09:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.