Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собраниска комисија: Франција заинтересирана за стратешки проекти во земјава

    Собраниска комисија: Франција заинтересирана за стратешки проекти во земјава

    03.06.2026 во 09:422 Mins Read
    Собрание
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика оствари средба со претставници од Француската бизнис-конфедерација – МЕДЕФ, при што во фокус беа транспортната инфраструктура (железници и патишта), енергетиката и обновливите извори на енергија, како и управувањето со води, животната средина и третманот на отпад и отпадни води.

    Претседателот на Комисијата Бојан Стојаноски изрази задоволство што претставниците доаѓаат од Франција, една од водечките економии во Европската Унија, која претставува најголем трговски партнер на земјава.

    Тој информираше за два крупни енергетски проекти – изградбата на хидроелектраната „Чебрен“ на Црна Река и проектот „Вардарска долина“, кој предвидува изградба на 12 хидроелектрани долж реката Вардар, истакнувајќи дека нивната реализација би придонела за трансформација на енергетскиот сектор и забрзување на зелената транзиција.

    Францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер ја нагласи заинтересираноста на француските компании, меѓу водечките во своите области, за учество во долгорочни инфраструктурни и енергетски проекти, со акцент на потребата од институционална поддршка.

    Претседателот на Деловниот совет Кристоф Пети посочи дека потпишување меѓувладин повеќесекторски договор со Франција би овозможило поефикасна реализација на проекти, поедноставување на процедурите и поголемо вклучување на домашни кадри.

    На средбата беа презентирани и решенија од француските компании во областа на дигитален и физички идентитет, складирање енергија, здравствени установи, транспорт, железничка инфраструктура и заштита на животната средина.

    Двете страни оценија дека ваквата соработка има стратешко значење, бидејќи би придонела за привлекување инвестиции, трансфер на знаење и влез на меѓународни компании на домашниот пазар.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.