Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието со полни раце работа: Денеска заседаваат осум комисии, на дневен ред фискалната стратегија, задолжувања и измени на закони

    Собранието со полни раце работа: Денеска заседаваат осум комисии, на дневен ред фискалната стратегија, задолжувања и измени на закони

    19.05.2026 во 09:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Собранието на Република Северна Македонија денеска е најавена зголемена активност, каде работата ќе ја одвиваат вкупно осум собраниски комисии со обемен дневен ред пред пратениците.

    Распоредот и клучните точки по комисии се следните:

    • Комисија за финансирање и буџет: На дневен ред е Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2027-2031 година, како и Предлог на законот за задолжување со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Гроуп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и Мерил Линцх Интернатионал (Merrill Lynch International) по Договор за заем за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот, по скратена постапка.
    • Комисија за одбрана и безбедност: Пратениците ќе расправаат за измените на Законот за внатрешни работи (два предлози) и измените на Законот за полиција, сите по скратена постапка.
    • Комисија за образование, наука и спорт: На дневен ред се измените на Законот за ученичкиот стандард и Законот за студентскиот стандард, двата по скратена постапка.
    • Комисија за европски прашања: Пред членовите ќе се најде Предлог на законот за парничната постапка, во прво читање.
    • Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање: Ќе се разгледуваат измените на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, по скратена постапка.
    • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците: На дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медијација, по скратена постапка.
    • Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика: Пред пратениците се измените на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, по скратена постапка.

    Паралелно со сите овие тела, ќе заседава и Законодавно-правната комисија, пред чии членови во финална форма ќе се најдат сите претходно наведени законски измени, фискални стратегии и предлог-одлуки за задолжувања кои се носат по скратена постапка.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.