Пратениците денеска ќе ја продолжат работата во Собранието со продолжение на 104. седница, на која ќе се разгледуваат повеќе важни кадровски и законски прашања.
Меѓу точките на дневниот ред се изборот на нов член на Судскиот совет, Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читање, како и измените на Законот за судовите, кои се предлагаат по скратена постапка.
По завршувањето на 104. седница, ќе продолжи и 108. седница. На неа пратениците ќе расправаат за Дополнетиот предлог-закон за парничната постапка, кој се наоѓа во второ читање.


