На 2 јули 2026 година, во 04:40 часот, во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 19-годишната Г.Ф. од Италија.

Според информациите од полицијата, таа физички нападнала полициски службеник при извршување службени дејствија. При преземањето на мерките било утврдено и дека лицето нема регулиран престој во државата.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Exit mobile version