Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, кој ќе се одржи во Скопје.
Форумот е организиран од Канцеларијата на Обединетите нации, во партнерство со Стопанската комора и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а ќе ги обедини претставниците на институциите, бизнис-заедницата и меѓународните организации.
Покрај Мицкоски, воведни обраќања ќе имаат амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија Рита Колумбија и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.
Во рамки на настанот ќе се одржат панел-дискусии посветени на одржливиот економски развој, зелената транзиција, дигитализацијата, иновациите, извозната подготвеност и зајакнувањето на отпорноста на компаниите во услови на глобални предизвици.


