Хорор ја потресе Македонија по веста дека 14-годишно момче било претепано и избодено со нож во скопската населба Ченто, на 22 јуни.

Според тврдењата на неговото семејство, тој бил нападнат без никаква причина од три лица додека се движел кон улицата „Финска“ во населбата. Напаѓачите најпрво го претепале, а потоа едно од лицата го избодело со нож седум пати во пределот на грбот. По нападот, момчето било оставено без свест, сè додека случаен минувач не го пронашол и не повикал Итна помош и полиција.

Повредениот малолетник бил итно пренесен во Ургентниот центар, каде што бил опериран. 

Џељана Селими, Телма, Принтскрин

Мајката на детето, Џељана Селими, јавно во изјава за Телма раскажа што се случило. Според нејзините зборови, малолетникот бил излезен со братучедите, а откако добил повик да се најде со другари во парк, таму го пречекале тројца мажи и го претепале, го избоделе седум пати со нож во грбот и го оставиле во локви крв.

Иако малолетникот е веќе пуштен од болница на домашно лекување, семејството вели дека траумите се огромни и дека живеат во континуиран страв.

-„Детето не се чувствува безбедно по инцидентот, а ниту пак јас. Денеска е мое дете, а утре ќе биде некое друго”, вели мајката.

Џељана Селими тврди дека надлежните институции во моментов го водат случајот како „насилство“, иако според неа е чист обид за убиство.

Од МВР потврдуваат дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за негово расчистување.

„На 22.06.2026 околу 23:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, малолетник бил физички нападнат од три лица, од кои едното му нанело повреда со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version