Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието пресече: Електрични тротинети само за полнолетни, казна од 120 евра за брзо возење, на тротоар ќе се вози со максимум 6 км/ч

    Собранието пресече: Електрични тротинети само за полнолетни, казна од 120 евра за брзо возење, на тротоар ќе се вози со максимум 6 км/ч

    30.06.2026 во 16:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои за првпат детално и строго се уредува користењето на лесните електрични возила во државата. Новите законски решенија доаѓаат по бројните реакции од граѓаните за несовесно возење во урбаните средини, особено од страна на малолетници.

    Според новите правила, право на управување со електричен тротинет ќе имаат исклучиво полнолетни лица.

    „Само полнолетни ќе смеат да управуваат електрични тротинети, максималната брзина се ограничува на 20 километри на час, се забранува превоз на второ лице, а за прекршителите се одредени казни. Собранието го усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој првпат детално се уредува користењето на лесните електрични возила.“

    Движењето на тротинетите примарно ќе се одвива по велосипедски патеки, а по тротоари ќе биде дозволено само ако нема соодветна инфраструктура, и тоа со брзина до 6 километри на час. Се воведува и забрана за возење без двете раце на управувачот, како и за користење на телефони и слушалки при возењето.

    Законот предвидува строги санкции и за родителите доколку нивните деца направат сообраќаен прекршок на патот.

    „Доколку прекршок направи дете, казната нема да ја плати само малолетникот. Во зависност од прекршокот, родителот или старателот ќе биде санкциониран со 50, 80 или 120 евра, со што се воведува и нивна директна одговорност за почитувањето на правилата.“

    Возачите задолжително ќе мора да носат заштитен шлем, а ноќе и рефлектирачки елек. За непочитување на правилата за движење казната изнесува 80 евра, додека за брзо возење глобата е 120 евра.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.