Close Menu
Press24
    Најново

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието денеска со интензивна работа: Се дебатира за минерални суровини, јавни претпријатија и пратеничкото државјанство

    Собранието денеска со интензивна работа: Се дебатира за минерални суровини, јавни претпријатија и пратеничкото државјанство

    27.04.2026 во 09:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Собранието на Република Македонија денеска се одржуваат седници на две клучни тела – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија. Пратениците ќе расправаат по повеќе предлог-закони, кои се ставени на дневен ред по скратена постапка.

    Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе одржи амандманска расправа по три законски измени:

    • Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини;
    • Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство;
    • Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија.

    Истовремено, пред членовите на Законодавно-правната комисија ќе се најде значајна новина – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците, со кој се предлага пратениците да имаат само едно, македонско државјанство.

    Покрај ова, оваа комисија ќе расправа и за измените на законите за концесии и јавно приватно партнерство, за минерални суровини, како и за јавните претпријатија, сите во рамките на скратена постапка.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.