Close Menu
Press24
    Најново

    Со влезницата добивате и ваучер за кафе – Саем на мебел до 29 март во „Борис Трајковски“

    25.03.2026 во 08:18

    Пристигнаа „страјкерите“ од САД – Промоција на 17 нови оклопни возила во касарната Петровец

    25.03.2026 во 08:16

    Сиљановска пречекана во Хрватска со највисоки почести – Денеска ќе предава на Правниот факултет во Загреб 

    25.03.2026 во 08:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Со влезницата добивате и ваучер за кафе – Саем на мебел до 29 март во „Борис Трајковски“
    • Пристигнаа „страјкерите“ од САД – Промоција на 17 нови оклопни возила во касарната Петровец
    • Сиљановска пречекана во Хрватска со највисоки почести – Денеска ќе предава на Правниот факултет во Загреб 
    • Муцунски во Полска: Акцент на нови инвестиции, економска соработка и трговска размена
    • Агенцијата за пристап до информации со месеци без раководство – Денеска избор на директор
    • Исклучувања до 15:30 часот – Делови од Скопје денеска без струја
    • Корејскиот амбасадор Донгбае во македонското Собрание – Средба со Гаши
    • Искористете го сонцето денес – Од утре доаѓа влажен и студен бран во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Со влезницата добивате и ваучер за кафе – Саем на мебел до 29 март во „Борис Трајковски“

    Со влезницата добивате и ваучер за кафе – Саем на мебел до 29 март во „Борис Трајковски“

    25.03.2026 во 08:182 Mins Read
    Саем на мебел 2026
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Од денеска до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“ ќе се одржува „Саем на мебел 2026“, годинава под слоганот „Инспирација за секој дом“.

    Изложувачите ќе ги претстават најновите трендови во дизајнот и уредувањето на просторот, иновативни решенија за модерно живеење, а новитет годинава е сегмент посветен на монтажни и модуларни куќи, кој е во фокусот на саемот.

    Организаторите најавуваат повеќе од 70 застапени брендови и очекуваат над 15.000 посетители, нагласувајќи дека саемот е одлична можност за компаниите да ги промовираат своите модели, технологии и концепти, како и да воспостават нови деловни соработки.

    Посетителите ќе можат да изберат и купат мебел од најновите колекции, современи ентериерни решенија, декоративни елементи и иновативни материјали за домување, канцеларии и јавни простори.

    Саемот ќе нуди специјални попусти, а Комерцијална банка ќе им понуди на посетителите атрактивни кредитни понуди и финансиски олеснувања за полесно реализирање на нивните планови за уредување на домот. Посетителите ќе можат директно да се информираат за условите и да добијат совет за финансиските решенија на банката.

    „Саемот на мебел 2026“ ќе биде отворен секој ден од 10 до 20 часот, а на 29 март (недела) од 10 до 17 часот. Влезницата чини 150 денари и со неа се добива ваучер за гратис кафе од Saccaria.

    Популарно

    Со влезницата добивате и ваучер за кафе – Саем на мебел до 29 март во „Борис Трајковски“

    25.03.2026 во 08:18

    Пристигнаа „страјкерите“ од САД – Промоција на 17 нови оклопни возила во касарната Петровец

    25.03.2026 во 08:16

    Сиљановска пречекана во Хрватска со највисоки почести – Денеска ќе предава на Правниот факултет во Загреб 

    25.03.2026 во 08:13

    Муцунски во Полска: Акцент на нови инвестиции, економска соработка и трговска размена

    25.03.2026 во 08:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.