Close Menu
    Најново

    Спасени над 300 срни од замрзнатите сибирски езера

    04.12.2025 во 00:02

    Од Брисел во Виена: Муцунски на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ

    03.12.2025 во 23:29

    Среќа под зимското небо: Декември 2025 како месец на нови почетоци

    03.12.2025 во 23:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Спасени над 300 срни од замрзнатите сибирски езера
    • Од Брисел во Виена: Муцунски на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ
    • Среќа под зимското небо: Декември 2025 како месец на нови почетоци
    • Утре е голем празник за верниците: Воведение во храмот на Пресвета Богородица
    • Мајли Сајрус потврди дека е свршена со музичарот Макс Моранд
    • Топаловски од СВР Скопје: Казните ќе се повлекуваат ако возач брзал во болница, но ќе се казни ако завршил на кафенце
    • Македонци масовно ја симнуваат апликацијата што ги открива камерите на „Сејф Сити“
    • Вицепремиерот Николоски од Брисел: Важни средби во интерес за Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Со потпишување на „Декларацијата Скопје“ заврши Светскиот енергетски форум

    Со потпишување на „Декларацијата Скопје“ заврши Светскиот енергетски форум

    30.10.2025 во 23:04
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Со потпишување на „Декларацијата Скопје“ заврши 14. Светски форум за одржлива енергија (IFESD-14), што во изминатите три дена го претвори Скопје во глобален центар на енергетскиот дијалог, идеи и визии за иднината. Претставниците на Обединетите нации и петте регионални економски комисии ја оценија организацијата како „беспрекорна“, а Македонија и Скопје како „вистински домаќини на светската енергетска сцена“.

    Форумот обедини повеќе од 500 учесници од над 70 земји, со над 150 говорници кои преку 35 тематски сесии и панели донесоа идеи, решенија и конкретни чекори за иднината на глобалната енергетска транзиција.

    Потписниците на декларацијата се согласија дека патот напред бара регионална поврзаност, паметни инвестиции, дигитална трансформација и инклузивна енергетска транзиција што никого не остава зад себе.

    Божиновска: „Од Скопје тргнува нов импулс на енергетска соработка, солидарност и визија“
    Во завршното обраќање, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, нагласи дека форумот претставува пресвртна точка за регионот:
    „Во изминатите три дена, Скопје беше глобалната сцена на енергетската визија и дијалогот за одржлив развој. Она што го видовме овде беше движење на знаење, соработка и амбиција. Форум кој покажа дека кога институциите, науката, бизнисот и меѓународните партнери ќе седнат на иста маса – настанува промена.“

    Божиновска истакна дека „Декларацијата Скопје“ е силна порака дека регионот не е само следбеник на глобалната транзиција, туку нејзин активен двигател:

    „Горда сум што токму од Скопје, од срцето на Балканот, тргнува нов импулс на енергетска соработка, солидарност и визија. Ова е доказ дека Македонија може да биде платформа на идеи што го менуваат регионот. 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој ќе остане запаметен како место каде што не само што зборувавме за иднината – туку ја започнавме. Да продолжиме заедно да ја градиме енергетската иднина што ја заслужуваат нашите граѓани“

    Таа им се заблагодари на Обединетите нации, УНДП, партнерите и сите учесници за поддршката, додавајќи дека овој форум ќе остане запаметен како место „каде што не само што зборувавме за иднината – туку ја започнавме.“

    Армен Григорјан: „Скопје покажа што значи глобална солидарност на дело“

    Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации во земјава (УНДП), Армен Григорјан, изјави дека патот кон одржлива, сигурна и достапна енергија е јасен, но бара заедништво и визија:

    „Потребна е политичка волја, глобална солидарност и посветеност. Во УНДП сме задоволни што заедно со Владата и Министерството за енергетика рударство и минерални суровини како и со регионалните комисии на ОН, работиме на дизајнирање политики, решенија за намалување на емисиите, инклузивност и подобрување на квалитетот на воздухот. Инвестираме во луѓето и во иновациите, со цел да испорачаме мерливи резултати кои граѓаните ќе ги почувствуваат дома, на работа и насекаде“, додаде Григорјан.

    Дарио Лигути UNECE: „‘Декларацијата Скопје’ е сигнал на регионална амбиција и визија“

    Дарио Лигути, директор на Енергетската дивизија на UNECE, изјави дека документот потпишан во Скопје ќе остане важна референтна точка во глобалните енергетски процеси:

    „Декларацијата Скопје’ претставува силен сигнал за регионална и глобална соработка и амбиција. Таа ја потврдува нашата заедничка заложба за забрзување на праведната и инклузивна енергетска транзиција – транзиција што носи вистински напредок за луѓето, планетата и просперитетот.“

    Заклучоците: паметни технологии, фер транзиција и зелени инвестиции

    Во завршницата на документот се наведува дека потписниците ќе работат на:
    • интегрирани и инклузивни енергетски политики,
    • модернизација на електромрежите и дигитализација,
    • вложувања во обновливи извори и фер транзиција,
    • промовирање на зелено финансирање и родова рамноправност во енергетиката.
    „Заедно можеме да го трансформираме глобалниот енергетски систем кој ќе обезбеди заштита на климатскиот систем, поттикнување на одржливи решенија и достапност до енергија и просперитет за сите,“ се наведува во завршниот дел на декларацијата.

    14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14) се одржа во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и петте регионални економски комисии на ОН – ECA, UNECE, ECLAC, ESCAP и ESCWA.

    Популарно

    Топаловски од СВР Скопје: Казните ќе се повлекуваат ако возач брзал во болница, но ќе се казни ако завршил на кафенце

    03.12.2025 во 22:07

    Герасимовски: Започна поставувањето на 30 дигитални уреди за бучава, 19 веќе се инсталирани во Центар

    03.12.2025 во 12:58

    Македонци масовно ја симнуваат апликацијата што ги открива камерите на „Сејф Сити“

    03.12.2025 во 22:01

    Работа без лиценца станува минато: Орце брка диви таксисти

    03.12.2025 во 18:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.