Повеќе од 2,3 милиони денари завршиле во приватни џебови наместо во државниот буџет, преку разработена шема со лажирање на деловните книги во скопска фирма.

Конфликтот со законот настанал во текот на целата 2023 година, кога управителот на компанијата свесно внесувал фиктивни и непризнаени расходи кои немале никаква врска со реалната дејност на фирмата, со единствена цел неосновано да ја намали даночната основа.

Како правна последица на овој финансиски криминал, СВР Куманово поднесе кривична пријава против 57-годишниот Е.С. од Скопје и против неговото правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.С. (57) од Скопје и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Првопријавениот како управител и одговорно лице во второпријавеното правно лице од 01.01.2023 до 31.12.2023 во деловните книги и даночните евиденции прикажал расходи кои не биле даночно признаени, без соодветна документација и расходи кои не биле во funkcija со вршењето на дејноста, со што неосновано ја намалил даночната основа и поднел даночни податоци кои не ја одразуваат реалната даночна состојба, со што се стекнал со противправна имотна корист преку избегнување на плаќање данок на добивка во вкупен износ од 2.362.247 денари“

Exit mobile version