На 06.12.2025 во 00:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ со бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар патничко возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(26), удрило во пешакот Р.Ј.(28), двајцата од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар, соопшти МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

