Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Розовиот октомври“ одбележан во Чаир: Меџити порача дека раното откривање рак на дојка спасува животи
    • Драма на лет за Дизелдорф: Патници се разболеа во авион
    • Николоски за автопатот Охрид-Кичево: На терен има одличен напредок, се гледа крајот
    • Утре 30-тата класа питомци ќе даде заклетва на Воената академија во Скопје
    • 69-годишен маж извадил пиштол по караница во Желино, полицијата му поднесе кривична
    • Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос
    • Нов бран апсења низ Македонија – приведени 10 возачи
    • Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Со автопатот Прилеп – Битола патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3-3,5 часа

    Николоски: Со автопатот Прилеп – Битола патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3-3,5 часа

    28.06.2026 во 13:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за транспорт, Александар Николоски, информираше за текот на градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, посочувајќи дека овој стратешки проект, кој е дел од Коридорот 10Д, станува симбол на развојот на Пелагонија.

    Според неговите најави, на терен се работи сè поинтензивно со цел економски да се поврзе целиот регион и да се отворат нови можности за бизнисот и туризмот.

    „Со овој автопат патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3-3,5 часа. Тоа значи многу повеќе бизнис и туристи за цел регион! Ова е најдолгата поединечна делница автопат што се гради во Македонија“, соопшти Николоски.

    Министерот ги објави и прецизните рокови и плановите за пуштање во употреба на првите километри од оваа значајна патна артерија.

    „Нашата цел е првата половина на 2027 година да имаме пуштено во функција 10,5 км, а исто така во тек на следната година сообраќајот по целата должина од 40 км да се одвива по една коловозна лента“, истакна тој.

    Како што додава Николоски, новиот автопат ќе донесе побезбеден и побрз сообраќај, подобра поврзаност и поголема конкурентност на домашното стопанство.

    Тој потенцираше дека Пелагонија е еден од најважните региони во државата и затоа се инвестира во модерна инфраструктура која ќе обезбеди подобар живот за граѓаните и нови перспективи за идните генерации.

    Прочитај повеќе

    „Розовиот октомври“ одбележан во Чаир: Меџити порача дека раното откривање рак на дојка спасува животи

    21.10.2026 во 16:10

    Николоски за автопатот Охрид-Кичево: На терен има одличен напредок, се гледа крајот

    21.10.2026 во 15:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.